Феноменална еколошка куќа
Роберт Харви Ошаѕ е модерен архитект кој дефинитивно го разбира зачетокот на живеењето еколошки живот. Трендовите во модерната архитектура треба да имаат заедничка цел, а тоа е еколошкиот стил. Денешната технологија може многу да ни помогне и е способна да понуди решенија кои ќе ѝ помогнат на природата.
Роберт имал за задача проект, во кој екологијата била задолжителна. Потребни му биле 7 години за да го заврши овој проект во 2004 година, но на крајот резултатот бил фантастичен, уникатен дизајн, магичен ентериер и неверојатни еколошки идеи.
Природата е вклопена во дизајнот на оваа куќа, преовладувајќи во секое ќоше од неа, притоа давајќи ѝ свежина и инспиративен дух да се живее еколошки.





Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
