Феноменален стан на поткровје што ќе ги воодушеви љубителите на индустрискиот стил

Индустрискиот стил на уредување на ентериерот има сè повеќе обожаватели во последниве години и сè поголем број луѓе што ќе одлучат да си го декорираат просторот за живеење во овој интересен, урбан и модерен стил. Добра инспирација за уредување на домот може да биде овој стан на поткровје, што е совршена комбинација на индустриски, винтиџ и модерен стил.

Феноменален стан на поткровје што ќе ги воодушеви љубителите на индустрискиот стил

Овој отворен простор освојува на прв поглед, а една од првите работи што паѓаат во очи е импровизираната лежалка во дневната соба, во која ќе можете да уживате по напорниот ден.

„Грубите“ ѕидови од црвени тули и кожената гарнитура би изгледале прилично ладни сами по себе, но со деталите во пастелно тиркизна боја, како теписи, завеси и украсни перници, се создава совршен баланс на поладен индустриски и потопол винтиџ стил.

Просторот е визуелно поголем со преградните ѕидови од стакло и железо, што го прават овој феноменален стан во Варшава уште попривлечен. Секој дел од станот е внимателно украсен, а ќе ве воодушеви и мозаикот на Наполеон на ѕидот од туш-кабината.

Ако сакате да го уредите сопствениот дом во индустриски стил, овој стан може да биде одлична инспирација.

Погледнете го овој волшебен стан во Лондон украсен со најнежните пастелни тонови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар