Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

Иако малкумина сакаат да зборуваат за тоа, различните видови фобии и анксиозност се доста сериозен проблем кој често се игнорира како да не постои. Словенската модна дизајнерка Петра Швајгер постапува спротивно од тоа. Кога еден од нејзините професори побарал од студентите креативно да се изразат за нешто кое е поврзано со нивната психа, таа се одлучила да направи гифови кои ги отсликуваат нејзините четири фобии. Тие покажуваат колку фобиите се смешни и колку немаат рационална основа. Авторката тоа го сфатила особено откако ги ставила на хартија преку овој проект.

Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

Таласофобија – страв од море

Петра не знае кога точно почнала да страда од таласофобијата.

„Го сакав морето и сакав да пливам и да нуркам, но сега имам проблем да влезам во вода. Стравот почна да се појавува бавно сè додека не почнав да паничам секој пат кога ќе одев да пливам“, вели таа.

Таа понатаму објаснува дека таласофобијата не е баш страв од морето, туку страв од брановите, од нивната голема моќ и од оддалеченоста од копното.

Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

Никтофобија – страв од темница

Иако никтофобијата е почеста кај децата, има и многу возрасни кои страдаат од неа. Таа придонесува за страв од темнината и одбивање да се излегува надвор навечер, правејќи многу проблеми во одвивањето на нормалниот живот. Швајгер многу добро се сеќава дека ја стекнала фобијата кога нејзин соученик на училиште прашал дали постојат духови.

„Наставничката рече дека постојат. И не само тоа, туку рече и дека можат да ни ги читаат мислите и нè набљудуваат додека спиеме. Паметам како отидов да си легнам таа вечер и како мојата фантазија ме полуде. Тоа беше првата од многуте ноќи во кои не можев да спиијам мирно и иако сега знам дека таа измислувала, стравот и тие чувства сè уште се присутни кога го гасам светлото.“

Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

Синофобија – страв од кучиња

Петра не ги сака големите кучиња. Нејзиниот страв доаѓа од денот кога била нападната од кучето на сосетката.

„Таа имаше многу големо куче. Мислам дека беше доберман или данска дога. Тогаш имав само шест години и не паметам добро. Се сеќавам дека еден ден се враќав дома, кучето се испушти, скокна врз мене, ме собори на земјата и ми ’ржеше во лицето сè додека татко ми не го оттргна.“

Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

Социјална анксиозност

Социјалната анксиозност е сериозно нарушување кое може да го наруши секојдневниот живот на оној кој страда од неа. Оние кои имаат проблем со неа имаат страв од осуда, многу се срамежливи, се изолираат, одбегнуваат комуникација со колеги и пријатели, многу тешко запознаваат нови луѓе и партнери итн. Кај Швајгер тоа почнало со малтретирањето на училиште од страна на врсниците.

„Отсекогаш многу се трудев да се вклопам, но имаше некои кои постојано ме буткаа надолу. Тие направија да се почувствувам несигурна во себе. Мислев дека кога ќе одам во средно училиште ќе почнам од почеток и сето тоа ќе заврши, но не беше така и мојот страв од запознавање нови луѓе стана уште поголем“, вели Петра.

Дизајнерка се соочува со своите стравови изработувајќи гифови за нив

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар