Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи - Part 2

Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

За квалитетно поврзување на семејството, препорачливо е секој член да постави барем еден лампион на елката бидејќи на тој начин ја поставува и својата лична енергија.

Покрај пластичните и стаклените декорации, препорачливо е да ставите и украси од ткаенини како панделки и ленти бидејќи тие со својата текстура ќе ја омекнат целокупната декорација.

Празничната трпеза ве повикува да се дружите, а за позитивна атмосфера и опуштена комуникација, најдобро е да имате тркалезна маса. Ако имате правоаголна маса, во никој случај не се препорачува сопружниците да седат еден наспроти друг бидејќи таа позиција означува ривалство.

Во празничната сезона емоциите се зголемуваат, па покрај пријатните моменти, честопати има и расправии и несогласувања. Ако сопружниците седат во позиција на ривалство, уште полесно може да настане недоразбирање, па поради тоа декорирајте ја масата со многу темнозелени украси и ткаенини.

За пријатна атмосфера, секој ден палете свеќа со масло од мандарина, портокал, лимон или цимет.

Во текот на празниците многу често ќе се фотографирате, но имајте предвид дека фотографијата со три личности еден до друг е крајно неповолна. Ако семејството се состои од 3 члена, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што личноста што најмногу заработува треба стои од горната страна.

Обидете се секој ден да одите на прошетка за да ја избегнете тензијата којашто во вас се создава поради премногу храна, светликави предмети, свеќи (поради енергијата на огнот) и зголемениот број гости.

По прошетката, напијте се топол напиток кој ќе го зачините со малку цимет, каранфилче, морско оревче или ѓумбир.

Во периодот на дарување, не заборавајте на оние што не може да уживаат во сезоната на празниците. Поради тоа, проверете ги играчките и облеката на вашите деца, оставата, гардеробата и чевлите. Сигурно ќе најдете многу работи што не ги користите, па подарете ги тие работи на оние на кои вашата облека, играчки и храна ќе му значат многу.

Можеби сакате да дознаете и како да го уредите домот во шелфи стил – новиот тренд во уредувањето на ентериерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар