Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

Иако со радост ги очекувате празниците, овие денови многу често се исполнети со нервоза, со замор и со чувство на разочарување и малодушност. Дали ве излудуваат или ве депримираат празничните дружења? Дали семејните собири ви претставуваат повеќе напор отколку задоволство?

Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

Пред да ги обвините своите најблиски за стресот и за напнатоста, разгледајте го вашиот дом и погледнете како тој е украсен за време на празниците. Постојат неколку едноставни совети што ќе ви помогнат да добиете удобна атмосфера со која ќе ги намалите нервозата и напнатоста.

За украсување на домот најчесто користите премногу светла црвена боја и многу сјајни и блескави предмети, запалени свеќи и трепкави светилки.

Целиот тој декор може да придонесе за расправии и за нервоза затоа што тие го стимулираат вашиот ум. Поради тоа, се препорачуваат темнозелени украси за да имате позитивно расположение во вашиот дом. Зимзелените гранчиња, венчињата, украсите и зелените чаршави за на маса во голема мера ќе го намалат прекумерното влијание на црвената боја и премногу осветлениот простор.

Често се случува со текот на годините да соберете голем број новогодишни украси бидејќи секоја зима купувате нешто ново, притоа не фрлајќи ги старите. Не ги користете сите украси, изберете го само она што навистина ви се допаѓа и не заборавајте да обратите внимание и на нивната количина.

Бидејќи вашиот дом е во голема мера исполнет со мебел дури и без овие дополнителни украси, лесно можете да создадете целосно загушен простор, а тоа доведува до нервоза и расправии. Одеднаш вашиот простор станува многу помал отколку што сте навикнале и сите несвесно станувате по малку клаустрофобични.

Доколку е можно, препорачливо е да отстраните неколку мали парчиња мебел за да се избегне пренатрупаноста и тешкото движење низ домот. Соодветно на тоа, изберете елка со соодветна големина и немојте премногу да ја китите. Преголемата елка ќе го затвори целиот простор на ист начин како да сте ставиле огромен масивен регал во мала просторија.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар