Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Зачекоривме во есента, а природата што се менува ни дава до знаење дека сме во една од најубавите сезони. Есента е можност да ги искористите најубавите украси што ви ги дава природата, а многу од нив можете да ги вклопите во вашиот дом. Освен што за нивното уредување ви се потребни само неколку минути, повеќето од нив ќе ги најдете за време на прошетките во природа.

1. Вазна со хортензии

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Иако хортензиите се првенствено летни цвеќиња, тие сега имаат вистински есенски бои, од зеленикави до темноцрвени тонови.

Поради тоа, тие можат многу лесно да се вклопат во секој простор во кој сакате да внесете есенска атмосфера. Одлична работа кај хортензиите е што дури и откако ќе се исушат, нема да го изгубат својот шарм, па можете да ги чувате во вазна (без вода) со месеци. Само заштитете ги со спреј за коса за да не испаднат ливчињата.

2. Послужавник со украсни тикви

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Полињата, пазарите, па дури и продавниците за храна се преполни со тикви од разни сорти. Со нив може да се направат вкусни јадења, но тие можат да бидат и одличен украс.

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Особено интересно ќе изгледа ако ставите неколку тикви на дрвен или на стаклен послужавник, но треба да користите различни форми, бои и големини. Послужавникот можете да го поставите на масата, во дневната соба или на прозорецот.

3. Стаклена вазна со желади и костени

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

За време на прошетките во парк или во шума, можете да најдете диви костени и желади и да ви послужат како еден од наједноставните есенски украси. Соберете ги во стаклена вазна, а ако се стремите кон модерен стил на уредување, користете вазна со квадратна форма.

4. Венец од шипки

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Ако сакате да уживате во погледот на уникатен венец секој пат кога ќе пристигнете дома, направете венец од гранчиња шипка. Сè што ви треба е градинарска жица, ножици и основа за венец што може да се направи од стапче или од сунѓер за цвеќе.

Ако станува збор за сунѓер, едноставно ставете ги гранчињата во венецот додека не го добиете посакуваниот изглед. Ако станува збор за подлога направена од стапчиња, најпрво треба да ги групирате гранчињата шипка во мали букети за полесно да ги закачите на подлогата, но и да добиете поцелосен изглед на венецот. Откако ќе го добиете посакуваниот изглед, додајте украсна лента и закачете го венецот на вратата.

5. Ерика во сите бои

Бесплатно и убаво: Како најубавите есенски украси од природата да станат дел од домот?

Растението ерика има бела, розова, виолетова и црвена боја и затоа е совршена за додавање есенски бои во ентериерот. Иако ова растение сака ниски температури и може да се чува на балконот цела зима, може да послужи и за внатрешна декорација.

Погледнете кои се најубавите есенски трендови во уредувањето и што ќе биде хит оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар