Што мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни?

Со доаѓањето на есента почнува и сезоната на настинки, па често се случува да имате симптоми и да треба да останете дома. Прочитајте што го нервира секој хороскопски знак додека е болен.

Што мразат најмногу хороскопските знаци додека се болни?

Овен

Мразите да бидете непродуктивни. Ве нервира тоа што знаете дека можете да правите други работи, но сте премногу уморни за да ги остварите.

Бик

Ве нервира тоа што не можете да го бакнете вашиот партнер. Мразите да држите дистанцата за да избегнете да го заразите партнерот.

Близнаци

Мразите што физички не можете да ги правите работите за кои сте ментално заинтересирани да ги правите. Мразите што се чувствувате беспомошно.

Рак

Мразите да се потпирате на другите за да ви помогнат. Мразите да ги принудувате да одат во продавница за вас, да ви готват и да ви носат лекови.

Лав

Ве нервира што вие сте дома додека сите други се забавуваат. Се чувствувате како да пропуштате нешто возбудливо.

Девица

Мразите да бидете мрзеливи. Знаете дека го слушате вашето тело и ја правите вистинската работа, но сепак чувствувате вина затоа што не правите ништо.

Вага

Мразите да се гледате во огледало затоа што изгледате и се чувствувате лошо.

Скорпија

Мразите да се прашувате дали вашиот шеф ќе биде лут затоа што не сте на работа. Мразите да се чувствувате како да не ги исполнувате очекувањата.

Стрелец

Го мразите начинот на кој другите луѓе ве гледаат кога сте болни, како вие да сте виновни.

Јарец

Мразите да отсуствувате од работа или од часови. Не сакате да заостанувате.

Водолија

Мразите што не уживате во слободното време затоа што се чувствувате лошо и не можете да го искористите како што сакате.

Риби

Мразите да спиете со часови. Ве нервира тоа што залудно ги трошите убавите денови.

Прочитајте од каков проблем се обидува да избега секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар