Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни, користејќи биоразградлива боја

За прослава на Интернационалниот ден на рециклирањето, од Буенос Аирес го замолиле францускиот уличен уметник познат како Saype да направи инсталација вредна за паметење.

Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива боја

Познат по неговите огромни слики направени со природна и биоразградлива боја, Saype го прифатил предизвикот и создал прекрасно уметничко дело со порака. Лоцирана на плоштадот General San Martin, огромната слика прикажува мало девојче кое радосно црта еколошки цртежи.

Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива боја

Направена на површина од над 5.200 метри квадратни, целосната слика се гледа од воздух, а ова ја прави навистина драматична. Сликата ги истакнува техничките вештини на уметникот, кој совршено ја искористил перспективата за да го оживее детето. Како контраст, силните бели линии од цртежите на детето пренесуваат важна порака за денешната младост и судбината на планетата.

Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива боја

„Овде малото девојче ја симболизира иднината. Сепак, нашите деца се оние кои ќе го имаат утрешниот свет во нивните раце. Книгата го симболизира образованието и неговата важност во еколошките проблеми и рециклирањето. Од секоја страна можете да забележите цртежи со креда. Од едната страна пластичен отпад во корпа за отпадоци, од другата, светот во кој ќе се наоѓаме ако се грижиме за нашата земја за да имаме мирно и чисто место како цртежот на дете.“

Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива боја

Saype работел една недела за да го претстави големиот мурал на стакло. За уметникот ова била неверојатна можност да ја пренесе неговата позитивна порака надвор од Европа. Споделувајќи ја оваа еколошка уметност со светот, тој се надева дека ќе ги инспирира другите да преземат нешто и да направат промена.

„Мислам дека можам да кажам дека вложувам многу енергија во моите проекти и страст што ќе им даде на луѓето пример – оставање трага во умовите и срцата без да оставам трага на природата и околината, тоа е мојата борба.“

Погледнете ги и најдобрите уметнички инсталации што ја обележаа минатата година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар