10 трендови за уредување на бањата што ќе бидат популарни оваа година

10 трендови за уредување на бањата што ќе бидат популарни оваа година

Просторот во кој живеете може да се преуреди релативно евтино со неколку клучни парчиња. Се разбира, сè зависи од тоа колку пари и време имате на располагање, но без разлика дали се подготвувате за големо реновирање или само за менување на некои детали, бањата е секогаш погодно место да направите промени. Еве неколку интересни идеи што ќе бидат во тренд во 2021 година:

1. Дајте му можност на лустерот да блесне

Верувале или не, во тренд се големи лустери што ќе го привлечат вниманието.

2. Класични плочки во силни бои

3. Диви животни

Ако не можете да одите на сафари, можете да го внесете животинскиот свет во вашата бања: преку шари на плочките, крпите, со неколку фигури на полицата со мирисливи свеќи и слично.

4. Графички мотив

Освежете ги ѕидовите со некој посебен дизајн, како што се класичните линии, во зависност од тоа дали треба да го проширите или да го издолжите просторот.

5. Панорамски поглед

Ретки се среќниците кои покрај кадата имаат прозорец со поглед кон природа. Ако имате можност да го сторите тоа, размислете за проширување на малиот прозорец за вентилација, па дури и за отворање врата ако имате можност да излезете на тераса и уживајте во природата додека лежите во кадата.

6. Сè во мермер

Мермерната бања од подот до таванот е апсолутен хит, но не треба да се ограничувате само на црна или бела боја.

7. Малку шминка на класиците

Стариот под во бањата ќе блесне со нов сјај ако изберете интересна шема и со неа го подобрите целиот изглед, без да треба да ги допирате класиците што се на тоа место со години.

8. Доза на нежност и мекост

Сите сме навикнати на мал килим покрај кадата, на кој можете да застанете кога сте влажни, но малкумина имаат храброст да наместат поголем килим со интересна шема.

9. Природни материјали и бои

Ако обожавате земјени нијанси и дрво, добрата вест е што во бањите се повторно во тренд.

10. Кади изработени од природни материјали

Ако немате храброст за мермер од подот до таванот, можеби ќе можете да го користите како материјал за кадата.

Погледнете кој е новиот тренд во 2021 година што му дава ведрина на ентериерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар