Експертите објаснуваат зошто добрите вести може да ве растажат

Експертите објаснуваат зошто добрите вести може да ве растажат

Минатата година беше многу тензична, па сè што ви се случува може да предизвика спротивставени чувства. Но, ронењето солзи во деновите кога се случуваат добри работи е збунувачко искуство. Ако се прашувате зошто ве растажуваат добрите вести, не сте сами.


Експертите објаснуваат зошто добрите вести може да ве растажат

Радост и тага во исто време

„Ние често чувствуваме повеќе од една емоција за време на емоционалното искуство“, вели д-р Наваја Синг, основач на здравствената платформа за однесување „WayForward“.

„Луѓето доживуваат различни емоции едни од други дури и кога го доживуваат истиот настан (еден член на семејството може да биде крајно тажен од загубата на баба или дедо, а другиот да почувствува олеснување што лицето веќе не страда)“, објаснува д-р Синг.

Вакцината против коронавирусот е неверојатен подвиг на науката, но чекањето на крајот на панемијатата, кога толку многу луѓе не успеаја да преживеат е тешка емоција со која треба се справите.

„Не постои правилен начин како да се чувствувате. Сите ние имаме различни животни искуства кои придонесуваат да ги доживееме и да ги изразиме нашите емоции поинаку. Ова е важно да се запамети кога помислувате дека не треба да се чувствувате лошо, тажно итн.“

Како да се справите со случајот на среќни-тажни?

Кога мислите дека треба да чувствувате нешто, важно е да знаете колку емоционален капацитет треба да ширите наоколу. Кога се чувствувате изложени на ризик да ги жртвувате своите емоции фокусирајќи се на она што го чувствуваат другите околу вас, обидете се да држите граница за да го заштитите сопствениот емотивен опсег, а тоа ќе ви даде дополнителен простор да управувате со широкиот спектар емоции што се појавуваат.

Не значи дека сте неблагодарни или скршени ако сте тажни кога сите околу вас изгледаат среќно. Наместо да се чудите зошто не чувствувате одредена емоција, обидете се да признаете што се случува во вас.

„Именувајте ја емоцијата што ја чувствувате и потоа седнете со неа“, предлага д-р Сандху. „Овој пристап може да ви помогне да признаете по што се разликите од другите, а сепак да си дадете простор да почувствувате разочарување и тоа е во ред.“

Своите измешани чувства можете да ги користите и како потсетник да бидете нежни кон себе и да побарате поддршка.

„Наместо да се разочарате и да се изолирате, обидете се да бидете во контакт со пријателите и најблиските“, советува Охито. „На тој начин, нема да мора да се справувате со чувствата сами.“

Емоциите треба да се чувствуваат и тие никогаш не се трајни. Во ред е да се помине низ целиот спектар на чувства. Без разлика дали водите дневник, имате доверба во некој пријател, разговарате со вашиот терапевт, медитирате или правите нешто сосема друго, важно да успеете да се приспособите и да бидете во хармноија со сè друго затоа што го заслужувате тоа.

Прочитајте дали погрешно ги толкувате вашите емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар