Астрологијата и идеалниот поклон

Астрологијата и идеалниот подарок

Секој знак во зодијакот сака различни работи, токму затоа прочитајте што сакаат вашите блиски за следниот пат да го одберете идеалниот подарок за нив.

Астрологијата и идеалниот подарок

Овен

Луѓето родени во овој знак се храбри, сакаат предизвици и им се потребни нови искуства.

Доколку имате многу пари: без размислување купете му црвен спортски автомобил.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете му сет енциклопедии.

Доколку сакате да поминете евтино: карти за концерт, спортски натпревар, однесете го на пирсинг и слично.

Бик

Тврдоглави, но уметнички настроени, обожаваат да пеат и да сликаат.

Доколку имате многу пари: купете му скапа уметничка слика или изненадете го со карти за турнејата на неговиот омилен музички бенд.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе:претплатете го годишно на некое интересно списание од странство кое го обожава.

Доколку сакате да поминете евтино:интересен парфем, незаборавна вечера, прстен…

Близнаци

Две личности во едно тело, повеќе сакаат да размислуваат отколку да чувствуваат, обожаваат техника и секогаш се добро информирани.

Доколку имате многу пари: платете им интернет со најголема брзина за наредната година. Исто така можете да му купите лаптоп или смартфон.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете им софтверска апликација за организирање на денот.

Доколку сакате да поминете евтино: интересно пенкало, сложувалки, претплата за модно списание

Рак

Сака да се грижи за другите, однадвор делува недофатливо, но однатре е мек како колаче.

Доколку имате многу пари: апартман на море или куќичка покрај езеро или река

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: збирка романтични романи кои ќе го излудат

Доколку сакате да поминете евтино: книга со рецепти

Лав

Како што викаат родените во знакот лав, единствено што повеќе сакаат од злато е власт.

Доколку имате многу пари: изнајмете апартман во Монако со фантастичен поглед од балконот и организирајте интимна вечера.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: целодневен третман на козметичар и останатото време на шопинг, нормално на ваша сметка.

Доколку сакате да поминете евтино: џебно огледало, друштвена игра…

Девица

Обземена од деталите и во потрага по совршенството.

Доколку имате многу пари: вработете ѝ куќна помошничка за една година, за да може да ѝ приговара во стилот „Што е оваа прашина под креветот?“

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете ѝ книги за домаќинство, здравје и чиста средина.

Доколку сакате да поминете евтино: ароматични масла или средства за хигиена

Вага

Сака мир и спремна е на сè за да избегне кавга, но токму нејзината потреба за помирување ја прави неодлучна.

Доколку имате многу пари: огромна мека фотелја по можност со опција за масажа и потпирање на нозете.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: мултимедијална енциклопедија или викенд во спа-центар.

Доколку сакате да поминете евтино: Вагата најмногу ќе ве цени доколку ѝ дадете нешто од себе. Затоа потрудете се да бидете оригинални.

Скорпија

Тие се страсни, со променливо расположение и никогаш не забораваат. Кога станува збор за подароците или ги обожаваат или ги мразат, средина нема.

Доколку имате многу пари: купете ѝ сет за криминални истражувања или однесете ја на егзотично патување.

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: купете ѝ некое оригинално и уникатно брендирано парче облека.

Доколку сакате да поминете евтино: добра книга со мистериозен заплет

Стрелец

Обожава да соли памет, да учи, да патува и да суди.

Доколку имате многу пари: пат околу светот

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: курс по некој странски јазик или летање со параглајдер

Доколку сакате да поминете евтино: стрипови, целодневена организирана прошетка во негово име или добра книга

Јарец

Конзервативен и спокоен, жеден за моќ и позиција.

Доколку имате многу пари: веќе разработена фирма 🙂

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: Дајте му пари да ги инвестира.

Доколку сакате да поминете евтино: интересна вратоврска, каса во форма на прасе…

Водолија

Луд генијалец кој се обидува да го промени светот.

Доколку имате многу пари: туристички лет во вселената

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: водич за правење вистински робот и делови за него

Доколку сакате да поминете евтино: донација во некоја организација од нејзино/негово име

Риби

Тоа се луѓе кои живеат во магичен свет, градејќи кули до облаците со желба да ги спасат сите.

Доколку имате многу пари: имот во Франција со насади на грозје и разработена винарија

Доколку можете да си дозволите да потрошите повеќе: платете за изработка на веб-сајт за креативно да се искажува.

Доколку сакате да поминете евтино: Вистински подарок за нив е вашата љубов и внимание.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.