Неодолив милкшејк од јагоди

Неодолив милкшејк од јагоди

Покрај тоа што јагодите се одлични за човековото здравје, овој неодолив милкшејк ќе ви донесе уживање и освежување во пеколните денови кои претстојат…Неодолив милкшејк од јагодиПотребни состојки:

  • 250 мл јогурт
  • 250 мл млеко
  • 500 г јагоди
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

Во блендер или со миксер измешајте ги млекото и јогуртот. Измијте ги убаво јагодите и додадете ги во садот за матење. Измиксајте добро и смесата сипете ја во високи стаклени чаши. Во секоја од чашите исцедете по малку лимон. Декорирајте со чадорче и две цели јагоди на врвот. Можете, по избор, да додадете и малку чоколаден прелив.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.