5-годишно девојче заработува по 12.000 долари за продадена уметничка слика
Аелита Андре е петгодишно девојче кое заработува вртоглави суми на пари, продавајќи ги своите слики. Нејзините слики од пред кусо време се наоѓаат на самостојна изложба во Њујорк. Изложбата под назив „Сокриен универзум“, ќе трае до крајот на јули оваа година.
Иако е толку млада, покрај големите суми на пари кои таа ги заработи преку продажба на нејзините уметнички дела, Аелита доби и неверојатно добри критики по реномирани весници. Британскиот „Guardian“ ја опиша нејзината работа како „Силна апстракција полна со живот, движења и блескави бои“, додека „New York Times“ смета дека нејзините слики хипнотизираат. Американскиот веб-сајт „Huffington Post“ веднаш ја нарече чудо од дете. 



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
