Екстра ледено кафе
Ледено кафенце, мелем за душа…
Потребни состојки:
- 150 мл ледено инстант кафе
- 50 мл топла вода
- 50 мл млеко
- 4 коцки кршен мраз
- екстракт од ванила
- 2 лажички шеќер
Начин на подготовка: Во топлата вода сипете ги шеќерот и неколкуте капки екстракт од ванила и оставете ја смесата во фрижидер да се олади. Чашата во која ќе го подготвувате кафето ставете ја во замрзнувачот 15 минути за и таа убаво да се олади. Откако ќе се олади чашата, ставете ги во неа коцките мраз и кафето, а одозгора посипете со млекото, ладната вода со шеќер и екстракт од ванила.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
