Дивиот свет на Африка низ фотографии
Фотографот Ник Бренд, по потекло од Лондон, првпат имал прилика да се запознае со убавините и дивиот свет на Африка во далечната 1995 година, кога на овој континент снимал музички спот. Во 2000 година, тој ја сменил својата пасија и почнал да фотографира. Оттогаш до денеска тој има направено прекрасни фотографии поврзани со дивите животни на овој континент и нивното десеткување.

Неговиот последен сет слики направени во црно-бела техника се навистина потресни, а на нив се прикажани ловокрадците на слонова коска, трупови и коски на убиени животни, како и дел од оние кои сè уште се движат по земјата. Повеќе од 60 фотографии од оваа колекција ќе бидат изложени во музејот „Fotografiska“ во Стокхолм, до 8 јануари 2012.
















Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
