Рецепт за кремаст десерт: Тирамису со малини

Рецепт за кремаст десерт: Тирамису со малини

Овој десерт се подготвува многу брзо и многу е вкусен.

Рецепт за кремаст десерт: Тирамису со малини

Потребни состојки:

  • 250 мл слатка павлака
  • 50 гр шеќер во прав
  • 500 гр сирење маскарпоне
  • 1 шолја кафе
  • 3 лажици амарето или друг алкохол
  • 150 гр бисквити
  • 4 лажици какао
  • 200 гр малини

Начин на подготовка:

Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го маскарпонето. Комбинирајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол.

Во сад наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со павлака и сирење и покријте со уште еден слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го горниот дел со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Ставете ја тортата да стои 2-3 часа во фрижидер.

Погледнете го и овој рецепт за тирамису торта од палачинки.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар