Совршен мал стан во Њујорк

Совршен мал стан во Њујорк

Ова мало станче во Њујорк е уште еден успешен пример, како правилно треба да се искористува просторот, без разлика колкав е. Проектот е реализиран благодарение на компанијата JPDA. И не само што просторот е максимално искористен, туку на многу паметен начин се направени некои специфични работи кои го прават станот уште пофункционален. Како на пример, скалите имаат функција на фиоки.

Совршен мал стан во Њујорк

Педесет-квадратниот стан се состои од просторна кујна и прилично голема дневна соба, во која има и посебен дел со работно биро. Скалите-фиоки кои веќе ги споменавме, водат кон спалната која е сместена во интимна галерија. Бањата, која е со туш кабина е прилично голема. Пред и после влезот на кујната има два плакари, во кои може да се складираат многу работи. Сумирано, просторот е перфектно искористен, модерно наместен и совршен за млад пар.

Совршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во ЊујоркСовршен мал стан во Њујорк

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.