9 животни правила на Ридли Скот: „Гледав убавина таму каде што другите гледаа нечистотија“

9 животни правила на Ридли Скот: „Гледав убавина таму каде што другите гледаа нечистотија“

Ридли Скот е британски филмски режисер и продуцент познат по своите остри изјави. Во продолжение прочитајте ги неговите животни правила.

9 животни правила на Ридли Скот: „Гледав убавина таму каде што другите гледаа нечистотија“

„Од деветгодишна возраст, секој ден излегував и сликав. Гледав убавина таму каде што другите гледаа нечистотија. И тоа е заглавено во мене – ме привлекуваат темни приказни и мрачни заплети.“

„Ќе поминат 200 години и ништо нема да се промени од корен. На светот ќе продолжат да живеат нечисти луѓе и чисти луѓе, а чистите луѓе ќе продолжат да ги мијат забите трипати на ден.“

„За жал, филмовите стануваат сè поглупави. Претходно, односот беше 50 : 50. Сега тој е 97 : 3.“

„Честопати ми недостасува трпеливост. Но, тоа е знак на искуство. Секогаш ќе ми требаат најстручните луѓе и најдобрата опрема. Ми велат: `Зошто ти е потребна најдобрата камера? Земи нешто поедноставно!’ Им велам: `Не, не разбирате. Ја сакам целата планета. Ми треба Земјата и ми треба за десет минути!’“

„Кога производителите се задоволни од напредокот на бизнисот, тоа е лош знак. Тоа значи дека сте близу до пукање.“

„Најдоброто кино на светот е мозокот и тоа го разбирате кога ќе прочитате добра книга.“

„Кога малку ќе размислите, ќе сфатите дека окото е најранливиот дел од телото. Најлесен начин да убиете човек е да го прободете со нож во окото.“

„Нема секс во моите филмови. Сексот е многу досаден ако само го гледате.“

„Немам планови затоа што последното нешто што сакам да го знам е што ќе правам следниот март.“

Прочитајте ги овие 8 животни мудрости на Џек Николсон.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар