Го имаме најдобриот рецепт за пире од костени оваа есен
Дали сте за нешто благо? Ова вкусно пире од костени сигурно ќе ве израдува! Костените сами по себе се благи и навистина не треба да се засладуваат, но ако некому навистина му недостасува, може да се заслади со малку мед или јаворов сируп.

Потребни состојки:
- 500 г костени
- 100 милилитри овесно млеко
- 10 милилитри јаворов сируп (по избор)
Начин на подготовка:
- Исечете ги костените на средината и печете ги за 25 минути на 185 степени. Потоа исчистете ги и заедно со млекото ставете ги во блендер.
- Кога ќе добиете кремаста смеса, поделете ја во две чаши и оставете во фрижидер неколку часа.
- Украсете со рендано чоколадо или по избор и уживајте!
Moжеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за кремасти њоки кои се готови за само 15 минути.
