Владеењето на Скорпијата носи големи промени: Овие се најважните датуми до 23 ноември

Владеењето на Скорпијата носи големи промени: Овие се најважните датуми до 23 ноември

Владеењето на Скорпијата започнува на 23 ноември – Сонцето го напушта знакот на Вага и влегува во моќната и страсна Скорпија.

Владеењето на Скорпијата носи големи промени: Овие се најважните датуми до 23 ноември

Владејачка планета на Скорпијата е Плутон и таа симболизира трансформација и алхемија.

Ве очекува период во кој ќе имате можност да го трансформирате вашиот живот, а Сонцето ќе ве поддржува во промените.

На некои работи не треба да им давате отпор, туку треба продолжите да го живеете животот, дури и во најголемите бури и да не се откажувате од плановите.

Ова се клучните датуми за време на владеењето на Скорпија:

31.10. – Сина Месечина

Космичката енергија на сината Месечина (т.н. втора полна месечина во 2020 година) носи напнатост, непријатност и тешкотии при донесувањето нови одлуки.

01.11. и 11.11. – Ангелски броеви и низи 111 и 1111

01. 11.2020 година е ден во кој заедно создаваме космичка магија.

Оваа низа симболизира остварување на судбината и енергетска заштита.

Замислете си желба!

03.11. – Меркур во директно движење

Ретроградното движење на Меркур завршува на 3 ноември.

Сепак, ова нема да биде крај на неговото темно влијание бидејќи ќе продолжи да владее од сенка.

12.11. – Конјункција на Јупитер и Плутон

Ова е трета и последна конјункција на Јупитер и Плутон оваа година.

Моќната комбинација на енергии носи остварување на деловните и на емотивните врски.

Во овој период, најголем успех треба да очекуваат луѓето кои се занимаваат со економија и продажба.

13.11. – Марс во директно движење

Кога планетата Марс ќе го започне своето директно движење, таа ќе ве потсети на некои стари желби, кои датираат уште од 2018 година.

Можно е да завршите некои заостанати задачи, а ве чекаат понуди за кои сонувавте во минатото.

14.11. – Супер млада Месечина во Скорпија

Ќе најдете многу нови и добри причини да започнете ново патување.

Ова е почеток на нов месечев циклус – време е да го оставите минатото зад себе засекогаш!

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар