Апликации што ќе ви помогнат во грижата за растенијата

Растенијата, оранжериите и малите природни оази веќе го зазедоа Инстаграм, така што беше прашање на време кога ќе добијат своја апликација. Поради пандемијата на коронавирусот, многу брендови и компании решија да го пренесат своето знаење на дигиталните платформи. Соодветно на тоа, креирани се бесплатни апликации за растенија што ќе ви помогнат да ги одржувате или да дознаете нешто што не сте го знаеле претходно. Иако апликациите никогаш нема да можат да го заменат човекот кога станува збор за растенијата, тие можат да бидат навистина корисни и да го подобрат квалитетот на животот на вашите растенија.

Апликации што ќе ви помогнат во грижата за растенијата

1. Plant Care reminder – plant watering

Колку пати страдале растенијата затоа што заборавате да ги наводнувате? Оваа апликација редовно ќе ве потсетува кога треба да ги наводнувате растенијата, кога да ги прскате и како да се грижите за нив во кое било време од годината.

2. Leafsnap

Ако не сте сигурни кое растение го добивте како подарок, „Leafsnap“ ќе ви помогне да го идентификувате. Ова е одлична апликација за почетници, па откако ќе го добиете името на растението што го поседувате, ќе ги добиете и потребните информации како да се грижите за тоа растение.

3. Florish

Бидејќи светлината што ја добива растението во вашиот стан е една од клучните работи кога станува збор за одржување на растението во живот, постои апликација што ќе го измери нивото на светлина на местото што сте го намениле за вашето растение. Откако ќе измерите сè што ви треба, во оваа апликацијата ќе најдете и основни информации за секое растение.

Погледнете кои 3 песни треба да им ги пуштате на вашите растенија за да растат побрзо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар