8 работи што секоја модерна жена треба да ги има оваа есен

Паметното купување на крајот на 2020 година значи инвестирање во клучни парчиња облека што ќе ви траат подолго и што ќе можете да ги носите и во следните сезони. Погледнете што препорачуваат модните експерти за студените денови во текот на есента и на зимата.

1. Џемпер-фустан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Topshop (@topshop) on

Во мода се разни кроеви, изберете крој што ќе ви одговара на фигурата и на пригодата. Може да изберете широк фустан со должина под колената или тесен миди фустан што ги истакнува вашите облини. Исто така, може да изберете краток прав или тесен фустан што ќе го носите со високи чизми до колена.

2. Блуза со долги ракави

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karen Millen (@karen_millen) on

Задолжително набавете 2-3 блузи изработени од пријатен материјал. Изберете мазни или ребрести ткаенини од вискоза, памук или волна.

3. Чизми до колена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dune London (@dune_london) on

Не вреди да инвестирате во чевли со високи потпетици оваа сезона затоа што мали се шансите за излегувања и за празнични прослави. Но, затоа е добро да инвестирате во квалитетни кожени чизми.

4. Хеланки од лажна кожа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Topshop (@topshop) on

Кој сака хеланки, ќе ужива во овој тренд. Секогаш купувајте еден број поголеми за да ви биде поудобно и да не изгледате невкусно.

5. Кардиган

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fashion4perfection on

Џемперот со копчиња е хит оваа сезона. Ако е краток и нема премногу длабоко деколте, можете да го носите наместо блуза.

Ако џемперот е долг и без копчиња, можете да ставите ремен и да го комбинирате со хеланки.

6. Капут од вештачко крзно

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Topshop (@topshop) on

Познатиот „teddy coat“ ќе биде популарен и оваа сезона.

Во мода се плишани или хипстерски комбинации со лажни кожени детали, како што големи џебови во контрастна боја.

Ќе бидете во тренд ако носите поширок модел со ремен околу половината.

7. Очила за сонце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Leest (@maryleest) on

Сите модерни дами носат очила за сонце во есен и во зима. Освен што се модерни, тие се навистина неопходни за време на сончевите денови.

8. Елек

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REISS (@reiss) on

Оваа есен и зима, класичниот елек го живее својот нов живот. Елекот е практично парче облека и е одличен додаток на палтата што стануваат сè потенки секоја зима. Но, немојте да се изненадите кога ќе го видите во комбинација со поелегантен фустан, особено ако е направен од вештачко крзно.

Погледнете како да го комбинирате долгото палто оваа сезона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар