Пуслица ролат со боровинки и малини

Пуслица ролат со боровинки и малини

Овој неодолив ролат се подготвува за многу кратко време и секогаш успева.

Пуслица ролат со боровинки и малини

Потребни состојки:

  • 4 белки
  • 250 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка вински оцет
  • 1 лажица пченкарно брашно

За фил:

  • рендана кора од 1 лимон
  • 300 милилитри слатка павлака
  • 150 грама боровинки
  • 50 грама малини

Начин на подготовка:

Изматете ги белките во голем сад додека не се стегнат. Постепено додавајте шеќер, лажица по лажица. Мешајте додека смесата не стане мазна и цврста.

Измешајте ги оцетот и пченкарното брашно, а потоа изматете ги во смесата за пуслица. Нанесете ја смесата со лажица во садот за печење, а тој треба да биде обложен со хартија за печење така што ќе излегува малку надвор од рабовите на садот. Печете околу 10 минути во рерна на 190 °С, додека кората не порумени, не стане цврста на допир и површината не почне да пука по малку.

Ставете хартија за печење над чиста крпа и посипете со шеќер во прав. Превртете ја пуслицата на хартијата. Остранете го плехот. Оставете да се излади 1-2 часа. Потоа, внимателно отстранете ја хартијата за печење.

Додајте ја кората од лимон во изматената слатка павлака. Премачкајте ја пуслицата, а потоа посипете со боровинки и малини. Со помош на хартијата, завиткајте ја пуслицата така што ќе добиете ролат.

Погледнете како да подготвите протеинска салата со никулци од наут.