Совршен протеински појадок: Сладок тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот

Совршен протеински појадок: Сладок тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот

Ова е еден од оние оброци што можете да ги направите кога сакате сладок појадок, без да имате грижа на совеста затоа што е повеќе од здрав.

Совршен протеински појадок: Слатка тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот

Потребни состојки:

  • 4 парчиња интегрален леб
  • 4 лажици рикота сирење
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица мед
  • 1 банана
  • грст сечкани јаткасти плодови по желба
  • 1 лажица цимет во прав

Начин на подготовка:

Измешајте ги рикота сирењето и ванилата додека состојките не се соединат и не се формира мек крем. Додајте го медот и кратко измешајте.

Во меѓувреме, тостирајте го лебот, премачкајте го со кремот, одозгора ставете парчина сечкана банана на кругови и посипете со јаткасти плодови и цимет.

Погледнете го овој рецепт како да направите домашен сладолед од малини.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар