Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

Нашите тела се под влијание на земјените полови, а насоченоста на главата во сонот може да предизвика нервоза, па дури и главоболка. Откријте која положба на спиење е најдобра за вас, а која може да ви создаде проблеми. Според фенг шуи, положбата на телото за време на спиењето има значително поголемо влијание врз здравјето и врз менталната состојба на човекот отколку што сте свесни. Во принцип, важно е креветот да не е на пресекот на струењето на воздухот, на пример на имагинарната линија што би се повлекла помеѓу воздухот и прозорецот. Ако е можно, собите што имаат неправилен облик не треба да бидат спални соби.

Кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот?

Ако често се вртите среде ноќ и спиењето ви е испрекинато, можно е позицијата на вашето тело во однос на земјените полови да не одговара, а секоја од четирите положби има свои предности и недостатоци. Тоа се определува според насоката на којашто е свртена вашата глава – север, југ, исток или запад. Земјените полови и нивната магнетна сила можат да го подобрат целокупното здравје, но и да предизвикаат главоболки и да активираат хронични здравствени состојби ако тие не се во согласност со положбата на телото.

Главата свртена кон север

Оваа положба е идеална за луѓето кои страдаат од несоница, а особено за постарите лица. Таа смирува и го намалува нивото на крвниот притисок. Негативната страна на оваа положба е недостатокот на креативна енергија и ентузијазам.

Главата свртена кон исток

Оваа позиција се смета за идеална за деца и млади. Поттикнува рано станување, енергија, раст и развој. Оваа положба е премногу интензивна за луѓето постари од 50 години. Бидејќи стимулира раст и активност, не е добра за хиперактивни луѓе и луѓе што лесно се вознемируваат.

Главата свртена кон југ

Во принцип, оваа позиција се поврзува со многу енергија, жешки соништа, силно либидо и кавги. Иако ја поттикнува страста кон животот, не е добро да спиете во оваа положба подолго време. Може да резултира со раздразливост и несоница и може да ви се појават драматични соништа.

Главата свртена кон запад

Оваа позиција според фенг шуи е поврзана со чувството на задоволство, удобност и хедонизам. Иако создава позитивна атмосфера, може да поттикне и недостаток на енергија и мрзеливост. Затоа, не се препорачува за луѓе фокусирани на градењето кариера или на постигнувањето деловен успех.

Прочитајте каде треба да го поставите креветот за добро да се наспиете.