15 работи што ја црпат вашата енергија и 15 работи што ви даваат сила

15 работи што ја црпат вашата енергија и 15 работи што ви даваат сила

Познатиот психолог Михаил Лабковски опиша неколку ситуации во кои ја губиме силата и неколку од кои црпиме енергија. Дали се согласувате?

15 работи што ја црпат вашата енергија и 15 работи што ви даваат сила

Ја губиме силата кога:

  • Велиме „да“ додека сакаме да кажеме „не“
  • Се насмевнуваме, наместо да плачеме
  • Не одмораме
  • Се принудуваме да издржиме уште малку, наместо да се запрашаме: „Зошто го толерирам тоа?“
  • Се навредуваме, наместо да кажеме што ни пречи
  • Не си ја гледаме нашата работа
  • Некој не ни е интересен, но продолжуваме да комуницираме со него од некои замислени причини
  • Остануваме покрај луѓе кои гледаат сè од негативната страна
  • Постојано зборуваме за политика, сметки, сообраќаен метеж итн.
  • Озборуваме
  • Често и со многу емоции разговараме за тоа како живеат другите
  • Работиме здодевна работа
  • Се плашиме
  • Чекаме некој друг да дојде и да го промени нашиот живот
  • Се критикуваме себеси, сметајќи се за безвредни, некомпетентни, несреќни

Добиваме сила кога:

  • Запознаваме нови луѓе
  • Стекнуваме нови знаења
  • Патуваме
  • Ги надминуваме нашите стравови
  • Пробуваме нешто ново
  • Пешачиме (ова не го вклучува одењето на работа или до продавница, туку бесцелни прошетки што предизвикуваат задоволство)
  • Сме креативни
  • Се дружиме со добри луѓе
  • Поминуваме време со луѓе кои нè поддржуваат и веруваат во нас
  • Се занимаваме со нашето тело (каква било физичка активност, сауна, базен)
  • Го расчистуваме физичкиот простор (сетете се како се чувствувате во реновирана просторија)
  • Го расчистуваме емотивниот простор (сетете се како се чувствувате кога ќе простите некому и ќе кажете збогум)
  • Велиме „не“ кога сакаме да кажеме „не“ и велиме „да“ кога сакаме да кажеме „да“
  • Почнуваме да го правиме она што сакаме

Прочитајте ги овие 20 реченици што ќе повикаат позитивна енергија во вашиот живот.