20 реченици што ќе повикаат позитивна енергија во вашиот живот

20 реченици што ќе повикаат позитивна енергија во вашиот живот

Колку пати дури и несвесно користите одредени реченици што постојано ве полнат со негативна енергија? Реченици како: „Оваа недела ќе ми биде многу тешка“, „Денот ужасно ми почна“, „Се чувствувам лошо“, „Пак ме нервира тој“, „Ништо не ми излегува онака како што планирам“, Сигурно пак сè ќе се искомплицира“.

Се пронајдовте во овие мисли? Тоа значи дека е одлично време да ве потсети дека енергијата со којашто зрачите е истата онаа којашто привлекувате. Со други зборови, ако имате негативни мисли, само негативна енергија ќе привлекувате. Но, ако се обидете да го смените начинот на кој размислувате и начинот на кој делувате, без оглед на околностите што се случуваат околу вас, ќе почнете да зрачите со позитивна енергија и потоа и да привлекувате позитивна енергија. Сè што треба да направите е да пробате да стекнете навика да ги замените лошите мисли со овие:

1. Денес е прекрасен ден.

2. Времето е навистина многу убаво.

3. Обожавам кога __________.

4. Благодарен/благодарна сум за __________.

5. Сè функционира совршено во мојот живот.

6. Ми значи оваа личност.

7. Одлично се чувствувам.

8. Многу сум возбуден/а.

9. Тоа е фантастично!

10. Се гордеам за __________.

11. Навистина сакам __________.

12. Премногу сум среќен/среќна за __________.

13. Имам најдобар/најдобра __________.

14. Тоа баш добро ме изнасмеа.

15. Денес ќе биде/беше добар ден.

16. Ти благодарам.

17. Навистина ценам __________.

18. Ти се добар пријател/партнер/сопружник.

19. Тоа е премногу смешно.

20. Едвај чекам да __________.

Прочитајте ги и овие 10 реченици на кои треба да се сетите кога ви изгледа дека животот не е фер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар