Физичките карактеристики на жените што им се најпривлечни на мажите

Физичките карактеристики на жените што им се најпривлечни на мажите

Витко дело, долга коса и долги нозе – ова се нештата што му се допаѓаат на секој маж, зарем не? Според најновите истражувања, изгледа дека ова не е вистина. Погледнете кои физички карактеристики на жените навистина им се најпривлечни на мажите.

Физичките карактеристики на жените што им се најпривлечни на мажите

1. Тело со форма на песочен часовник

Мажите најмногу сакаат „женствени“ жени, а сега ова е потврдено и од науката. Имено, на мажите најмногу им се допаѓа женското тело со форма на песочен часовник. Овде најважен е односот помеѓу колковите и половината. Според истражувањата на американските научници, идеалната вредност е околу 0,7, односно, обем на половината од околу 70 центиметри, а обем на колковите околу 100 центиметри. За да ја добиете бараната вредност, едноставно поделете го обемот на половината со обемот на колковите.

2. Висок глас

Високиот глас ги потсетува мажите на младост и плодност. Според едно американско истражување, тонот на гласот на жените е повисок кога се поблиску до овулација.

3. Долги раце

Веројатно и вие досега мислевте дека мажите најмногу ги посакуваат долгите нозе, но ова не е вистина. Истражувањата откриле дека жените со долги раце изгледаат навистина привлечно во очите на мажите.

4. Здрава коса

Според анкета спроведена од американски веб-сајт, на која одговориле неколку илјади мажи, се покажало дека мажите сакаат густа и сјајна коса кај жените. Должината и бојата не им биле толку важни. Имено, мажите ја поврзувале бујната и густа коса со здравје и плодност.

Дознајте и кои се 8-те работи кои мажите потајно ги бараат кај жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар