20-годишници, дајте си признание бидејќи ви оди подобро отколку што мислите

Никој го нема сфатено и средено својот живот. Дури ни вашиот соученик од средно кој објавува фотографии од неговиот нов дом и неговото дете. Можеби изгледа како да знае што прави, но верувајте дека не е така. Сите ние само глумиме дека знаеме како е да се биде возрасен. Па, 20-годишници, дајте си признание за овие нешта бидејќи ви оди подобро отколку што мислите.

20-годишници, дајте си признание за следниве 10 нешта

1. Работа е работа

Не е важно дали работите за моќна компанија или во продавница. Не дозволувајте никој да направи да се чувствувате лошо за заработување ваши пари. Не го минувате целиот ден седејќи дома. Можеби справувањето со неучтиви муштерии не е гламурозно колку работа во канцеларија, но не заборавајте дека сепак и тоа е напорна работа.

2. Сите сме големи лажговци

Пријателите на социјалните мрежи на коишто им завидувате не се толку среќни колку што мислите. Тие нема да објават фотографии од нивниот лош стан и неваросаните ѕидови. Ќе чекаат да посетат ресторан со пет ѕвезди и ќе објават фотографија од тоа. Сите сакаат да ја гледаме само нивната најдобра страна, па токму поради тоа ви изгледа дека животот на сите освен вашиот е одличен, кога всушност сите се наоѓаме на истиот брод.

3. Секој се движи со различно темпо

Можеби не се чувствувате добро бидејќи само вие сте заглавиле на факултет. Можеби не ви се допаѓа што сè уште живеете со вашите родители. Но, вие треба да го правите она што е најдобро за вас. Одвојте време и штедете ги парите пред да направите што било драстично. Сигурно не сакате да се иселите од домот на родителите, за после една година пак да се вратите кај нив.

4. Сè уште имате време да сфатите што сакате и што треба да правите

Прашајте кој било возрасен, и речиси секој ќе ви одговори дека не знае што сака да биде „кога ќе порасне“. Доколку веќе знаете која е вашата страст, сте добиле половина од битката. Бидете среќни што ја знаете дестинацијата, без разлика колку долго ќе биде патувањето. Се разбира, дури и ако уште не знаете што сакате да правите, имате време да одлучите. Никогаш не е доцна да ја промените кариерата или факултетот.

5. Не е фер да се споредувате со другите луѓе

Веројатно се чувствувате лошо кога ќе видите дека тинејџер станал светски познат пејач или спортист. Тие се многу помлади од вас, па не ви се допаѓа што се успешни. Ова е погрешно. Треба да престанете да мислите дека туѓиот успех ве прави неуспешни. Покрај тоа, ако доживеете голем успех во младоста, оттаму можете да се движите само надоле. Бидете среќни што вашиот пат е кон горе.

6. Врските не се сè

Доколку се гледате со други без обврски, одлично. Доколку сте ја нашле љубовта на вашиот живот, уште подобро. Но доколку сте сингл, немојте да се грижите за тоа. Некои луѓе чекаат до нивните 30-ти и 40-ти за да го пронајдат совршениот партнер. Некои луѓе пак воопшто не се одлучуваат за брак, а сепак имаат исполнети животи. Не ви е потребен партнер за да бидете целосна личност.

7. И најмалите успеси се важни

Дали можете самите да ги подготвувате вашите оброци? Дали сами ја перете вашата облека? Дали се грижите за милениче или за некое растение? Немојте да ги занемарувате вашите мали успеси само затоа што мислите дека сите можат да го прават тоа. Бидете среќни што знаете да преживеете сами, бидејќи некои луѓе не знаат ниту да диплат облека.

8. Светот е многу поразличен од порано

Игнорирајте ги роднините кои ви кажуваат дека го напуштиле домот на 16 и се венчале на 18 години. Во тој период цените биле ниски и било полесно да се најде работа. Денес сите сме соочени со огромни долгови, така што живеењето сами понекогаш е невозможно. Исто така, не брзајте за брак сè додека не сте навистина сигурни.

9. Верувале или не, сè уште сте премногу млади

Можеби мислите дека досега животот треба да ви е среден бидејќи сте постари од кога било, но вие уште сте млади. Не можете веднаш да се сметате за неуспех. Почекајте неколку децении пред да жалите. Сега можете да го направите вашиот живот онаков каков што сакате. Сега имате целосна контрола.

10. Ви оди многу подобро отколку што мислите

Сте одвоиле време за работа бидејќи треба да преживеете, но немојте да го запоставувате социјалниот живот. Дајте си дозвола да се забавувате. Го заслужувате тоа. Почнете да си давате признание, бидејќи ви оди навистина добро.

Погледнете и кои се нештата со кои само си ги отежнувате вашите 20-ти.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар