Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка
Ако појдете во Јамајка и го посетите одморалиштето „Златно око“, очекувајте дека тоа ќе биде почеток на вашата нова љубовна врска… со самото место. Ова одморалиште е поранешен дом на креаторот на Џејмс Бонд – 007, Јан Флеминг, кое во 1976 година го купи основачот на Island Records, Крис Блеквел.
Одморалиштето неодамна беше реновирано и сега се состои од 22 единици, вклучително 9 куќи покрај плажа, 8 лагунa-куќички, оригиналната вила на Флеминг и 4 куќи изградени од страна на Блеквел. Куќата која некогаш му припаѓаше на Флеминг, се состои од 3 спални соби и една главна соба со поглед кон море.










Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
