Планинска куќа која се вклопува во природниот амбиент
Оваа планинска куќа е дело на архитектите од компанијата „Van Der Мerwe Miszewski Architects“ и претставува уште еден пример како луксузното и модерното може да коегзистира со природното. Таа се наоѓа во близина на Националниот парк Тејбл во Кејптаун, Јужна Африка.
За да нема големо влијание на природната околина, куќата е изградена како комплекс од пет павилјони со брановидни кровови кои прават комплексот да изгледа како дел од пејзажот. Брановидните кровови се направени од бетон и потсетуваат на природно заоблените камења кои се наоѓаат во планината која се издига зад куќата.
Целосната структура е изградена на стрмно место, а при градењето е употребуван традиционалниот метод на вметнување камени ѕидови во животната средина. Овие ѕидови формираат платформи и балкони, кои им овозможуваат природен амбиент на станарите. Тие исто така овозможуваат целосно вклопување на куќата во карпестата средина, давајќи слика како таа да е дел од природата.















Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
