Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Дали некогаш сте се запрашале што навистина се случува со телото и мозокот по смртта? Професорот Џенс Дериер од Медицинскиот универзитет во Берлин и докторот Стјуарт Хамилтон, патолог, дале детално објаснување за сите процеси кои се случуваат во телото по смртта.

Веднаш по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Хемиските супстанци наречени невротрансмитери го преплавуваат мозокот правејќи скок во активноста на мозокот за околу 30 секунди. Нормалната мозочна активност веќе е престаната.

Неколку минути по застанувањето на срцето

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Една до пет минути по смртта, во мозокот започнува процес наречен терминална деполаризација, или со други зборови „мозочно цунами“. Во својата најосновна форма, ова е бран од невронски активности кој започнува длабоко во мозокот и се шири нанадвор. Ова го означува распадот на мозочните електрохемикалии и моментот кога мозочната функција и свест се изгубени.

Во меѓувреме, крвта повеќе не циркулира низ телото па кожата добива бледа боја, феномен наречен смртно бледило (pallor mortis). Недостатокот од свежа крв ја намалува и внатрешната температура на телото, процес наречен студот на смртта (algor mortis). Најчесто таа се намалува за 1 степен Целзиусов во рок од 1 час, сè додека телото не ја достигне собната температура.

Неколку часа по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Сега телото почнува да развива црвенкасти пупки, познати како раната на смртта (livor mortis). Поради гравитацијата, крвта почнува да се собира во делот на телото кој е најблиску до земјата. Крвта би се помрднала ако се помрдне и телото, но со распаѓањето на крвните клетки кожата ја менува бојата. Интересно е што причината за смртта, како и опкружувањето, може да имаат влијание на оваа боја. Труењето од јаглероден моноксид предизвикува силно црвена боја, екстремниот студ може да резултира со розова боја, а во некои случаи кожата може да добие и сина или кафеава нијанса.

Во оваа фаза почнуваат да се здрвуваат мускулите, процес познат како вкочанетост на смртта (rigor mortis). Овој процес се случува кога има таложење на калциум и недостаток од аденозин трифосфат. Ова предизвикува мускулните влакна да се спојат и да се зацврстат. Првите мускули кои се стврднуваат се малите, но по околу 12 часа настанува целосна вкочанетост. Оваа состојба е моментална и по 24-36 часа мускулите целосно се опуштаат. Ова може да предизвика и ослободување од фекалните материи во телото.

Потоа започнува и процесот наречен автолиза каде што клетките се уништени од сопствените ензими. Автолизата предизвикува и друг процес – гниење. Автолизата и гниењето заедно се познати како распаѓање на телото.

Истовремено кожата се намалува, а токму ова предизвикува ефект кој наликува како влакната и ноктите да продолжуваат да растат.

Неколку денови по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Неколку денови по смртта се појавува подуеност и лачење течности, како и лош мирис. Телото почнува да испушта хемикалии кои мирисаат лошо и кои се резултат на распаѓањето на аминокиселините. Овој мирис најчесто е опишуван како „корпа за отпадоци оставена долго време на висока температура“.

Во меѓувреме крвта се згрутчува, салото се претвора во течност, а телото добива зелена боја. Ензимите продолжуваат да ги „јадат“ органите, а најпрво страдаат оние со помалку влакна, како мозокот.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар