Што се случува со телото и мозокот по смртта? - Part 2

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Неколку недели по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Телото станува дом за муви, ларви и разни други организми.

„Речиси неколку моменти по смртта, мувите положуваат јајца на телото, најчесто околу носот, устата и очите. Набрзо се изведуваат ларви кои почнуваат да го консумираат телото“, изјавил Хамилтон.

До седмиот ден овие организми можат да консумираат и до 60% од трупот. Во оваа фаза косата почнува да паѓа, а остатокот од телото добива виолетова, па црна боја.

Неколку месеци по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Телото е изладено и има температура од околу 10 степени Целзиусови. Но, распаѓањето не е завршено. Во зависност од опкружувањето, потребни се околу 4 месеци за целосно распаѓање на мекото ткиво.

„Времето потребно за распаѓање е променливо и зависи од условите на местото. Луѓето со инфекции се распаѓаат побрзо бидејќи веќе имаат вишок бактерии во телото и често имаат повисока температура по смртта“, изјавил Хамилтон.

Без разлика кои се вашите претпоставки, поголемите тела обично се распаѓаат побрзо од помалите бидејќи подолго ја одржуваат топлината.

Неколку години по смртта

Што се случува со телото и мозокот по смртта?

Последната фаза од распаѓањето е наречена скелетизирање. Мекото ткиво целосно е распаднато и остануваат само коските. Скелетот станува полесен, посув и покршлив. Евентуално ќе исчезне целосно, но за тоа може да бидат потребни и илјадници години. Се разбира, и овде голема улога има опкружувањето.

Дознајте и што чувствуват луѓето во последните моменти од својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар