Смуди од кафе и банани за одличен почеток на денот

За здрав и енергичен почеток на денот

Смуди од кафе и банани за одличен почеток на денот

Потребни состојки:
  • 180 милилитри кафе, оладено
  • 1 замрзната банана
  • 120 милилитри грчки јогурт
  • 1 лажица сируп од агаве
  • Коцки мраз
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете сè додека не се соединат. Додадете онолку мраз колку што треба за да ја постигнете посакуваната густина. Послужете веднаш.