10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

По неколкугодишна борба со ракот, вчера, на 69-годишна возраст, почина големиот великан на британската театарска и филмска сцена – Алан Рикмен, оставајќи зад себе богато и исполнето културно наследство кое уште долго ќе се почитува.

10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

Како што светот жали за нашиот омилен професор Снејп од волшебното училиште за кое сите мечтаевме (и сѐ уште мечтаеме), можеме да најдеме утеха во фактот дека неговиот исконски глас и мудрите зборови ќе продолжат да живеат низ годините што доаѓаат преку најразличните ликови кои ги играше на филмското платно, како и на театарските штици.

Следуваат 10-те најинспиративни цитати на актерскиот гигант и миленик меѓу фановите на познатиот филмски серијал „Хари Потер“ – Алан Рикмен, кои несомнено ќе ве поттикнат на размислување и кои се доказ дека Алан никогаш не го изгуби детето во себе. Збогум професоре, ќе останете со нас. Засекогаш.

10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

„Има еден глас во вас кој ви кажува што треба да направите.“

„Јас сериозно ја сфаќам мојата работа и начинот на кој треба да го направите тоа е да не се сфаќате себеси толку сериозно.“

„Би било прекрасно кога би знаеле дека иднината е непозната и на некој начин полна со изненадувања.“

„Мислам дека постои некаква поврзаност помеѓу апсолутната дисциплина и апсолутната слобода.“

„Камо животот да беше малку понежен, а уметноста малку поробусна.“

„Актерите се агенти на промената. Еден филм, едно делче од театар, едно делче од музика или една книга можат да направат разлика. Тоа може да го промени светот.“

„Талентот е грешка во гените – и одговорност.“

„Мислам дека треба да има смеење во сѐ. Понекогаш тоа е драматично затворена врата зад себе, пита во лицето или само распознавање на нашите слабости.“

„Мојата идеја за вистинска награда е забавниот парк „Magic Mountain“, без да чекам во ред.“

„Според моето искуство, сметам дека секој актер треба да се погрижи дека нивната кариера е во нивни раце, на овој или оној начин.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар