Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!

Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а во домот имате мандарини кои се непрскани, од нивната кора можете да направите одличен лек.

1-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_

Еве што треба да направите доколку сакате да ја искористите кората на мандарината како лек:

  1. Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла.
  2. Измелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40% алкохол.
  3. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои една недела на темно.
  4. Земајте по една лажичка после јадење, а потоа каснувајте по една лажичка мед.

2-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_

А ова се останатите причини поради кои мандарините се одлични:

  • Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама од ова овошје има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а е богато со влакна кои го подобруваат варењето.
  • Мандарините се добри за видот и за добивање кадифена кожа, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Можете да ги консумирате заедно со јаболка, круши или јаткасто овошје.
  • Доколку сте добри во кујната, може да направите сос од мандарини, кој можете да го послужите со месо или како прелив за салата.