Совршен пакет од ОНЕ: Фиксна, интернет, BoomTV и лаптоп за 0 денари

Промотивно, од 29 ноември, телекомуникацискиот оператор ОНЕ нуди совршен пакет за секој дом, со три услуги, а за една претплата и лаптоп за 0 денари.

Промотивниот, Fix/Net/TV PROMO пакет е достапен по цена од 1779 денари/месечно, а истиот содржи:

  • Фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ
  • Неограничен, супер брз, интернет до 10 Mbps
  • BoomTV со 2 бесплатни уреди и
  • HP ProBox 4540S за 0 денари со подарок торба
  • Бесплатен Wi-Fi рутер за безжична интернет конекција

Освен со три, во резидентниот сегмент, ОНЕ нуди и промотивен пакет со две услуги Fix/Net Promo со кој, за само 799 денари/месечно корисниците ќе добијат фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и неограничен, супер брз, интернет.

Новата промоција се однесува и на бизнис сегментот. Така, секој бизнис корисник кој ќе го избере промотивниот пакет со две услуги Fix/Net BUSINESS PROMO, добива неограничени минути кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ, можност за активација на една дополнителна фиксна линија и неограничен интернет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.