Феноменални полнети домати со интензивен вкус

Вкусови кои се надополнуваат за долго уживање…Феноменални полнети домати со интензивен вкус Потребни состојки:

  • 4 големи домати
  • 60 мл мајонез
  • 250 г печено бело пилешко месо, ситно исечкано
  • 250 г варена пченка
  • 25 г власец, исечкан
  • еден грст поточарка, за декорација
  • сол и бибер

Начин на подготовка: Издлабете ги доматите. Месото и сокот од издлабените домати ставете ги во еден сад. Во друг сад помешајте ги мајонезот, пилешкото месо, варената пченка, власецот, ¼ од месото и сосот од доматот и зачинете по вкус.

Со смесата наполнете ги доматите, декорирајте со поточарката, а послужете со остатокот од издлабените домати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.