Пропржени тестенини со зеленчук и павлака
Вкусен ручек со богат вкус…
Потребни состојки:
- 200-300 г сварени тестенини
- 4 пиперки во различни бои (жолта, зелена, портокалова и црвена)
- 2 лажици масло за готвење
- сол и бибер
- биозачин
- 200 мл кисела павлака
Начин на подготовка: Измијте ги пиперките и исечете ги на кругови. Во тавче загрејте го маслото и потоа ставете ги пиперките.
Додадете малку биозачин, а по десет минути додадете ги и тестенините. Ставете малку сол и бибер и лесно мешајте со дрвена лажица за тестенините да се запечат убаво.
Кога тестенините ќе добијат златно-жолта боја, тргнете ги од оган и оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа додадете ја киселата павлака, убаво измешајте ги и послужете ги.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
