Крцкави шницли од компир

Вкусен пржен компир на еден поинаков начин…Крцкави шницли од компирПотребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 г кравјо сирење
  • главица кромид
  • 20 г лебни трошки
  • 200 мл масло за готвење
  • 1 јајце
  • сол
  • црвен пипер

Начин на подготовка: Кромидот исчистете го и изрендајте го ситно.

Измијте го компирот, потоа излупете го и сварете го. Пота, убаво истолчете го.

Во пирето додадете ги кромидот, сирењето, лебните трошки, јајцето, како и сол и црвен пипер по вкус и замесете тесто. Од тестото направете тенки шницли и пржете ги во врело масло, од обете страни.

Јадете ги топли, а како прилог можете да послужите сос.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.