Оние нешта кои не можат да се купат со пари

Имаме само една шанса да го живееме нашиот живот најдобро што умееме, па затоа не треба да ја „прокоцкаме“. Парите не можат да го направат човекот среќен, ако тој не умее да ужива во оние мали секојдневни работи, кои ни ја исполнуваат душата и внесуваат љубов и среќа во нашите срца.

Животот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да „украдат“ барем мала насмевка на вашето лице.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Ситуација кога некој се сомневал во вас и на крајот испаднало дека сте биле во право.
  • Моментот кога доживувате мини срцев удар, бидејќи не можете да го најдете мобилниот во џебот, но потоа сфаќате дека е во другиот.
  • Кога спонтано водите љубов со вашиот партнер, без никој од вас да го планира актот.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Мигот кога влегувате во такси и му велите на таксистот: СЛЕДИ ГО ОНОЈ АВТОМОБИЛ!
  • Ситуација кога малечка бубачка лази по мониторот на вашиот компјутер и вашата прва реакција е да се обидете да ја исплашите со мрдањето на курсорот.
  • Интересното чувство кога му кимнувате со глава на вашиот другар/ка, во моментот кога некое многу згодно момче или девојка поминува покрај вас.
  • Олеснувачкото чувство кога конечно ќе доверите некоја ваша тајна на најдобриот другар/ка.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Моментот кога му давате команда на Мајкрософт Ворд да ги „игнорира сите“ грешки во пишувањето на вашето презиме.
  • Чувството кога се будите од сон во кој паѓате и сфаќате дека сте на вашата безбедна топла постела.
  • Звукот на коцките мраз кои ѕвечкаат во вашата чаша полна со освежувачки сок.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Моментот кога им мавтате со рака на безбедносните камери кои се поставени во продавницата во која влегувате.
  • Чувството на паника кога некој дел од телото ќе ви се заглави некаде и потоа одеднаш ви олеснува кога ќе видите дека сте повторно на слобода.
  • Авантуристичкиот дух во вас, кога го возите вашиот автомобил боси.
  • Нежноста и топлината која ја облева вашата душа, кога во ладен зимски ден седите по дома завиткани во ќебенце.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Ситуација во која вицот воопшто не е смешен, но некој од присутните се смее на цел глас.
  • Чувството на стрвост кога ја пиете последната капка млеко директно од тетрапак пакувањето.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Ситуацијата кога на телефон ви се јавува личноста за која пред малку зборувавте.
  • Погледот кон преубавото изгрејсонце, кое ги изненадило сите во сред студената зима.
  • Чувството кога ја гледате вашата родна населба од прозорчето во авионот кој полека се приближува до аеродромот.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Смешната ситуација кога некое малечко дете ви ги покажува неговите „мускули“.
  • Чувствувањето на врелиот песок под вашите стапала кога сте на плажа.
  • Моментот кога си ги „бистрите мислите“ додека стоите долго под жешкиот млаз вода од вашиот туш.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Моментот кога сфаќате дека сè уште силно се смеете на истите шеги на кои сте се смееле додека сте биле дете.
  • Убавината на долгата, релаксирачка прошетка и вдишувањето кислород, без да имате ниедна дестинација на ум.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Забавните ситуации кога измислувате сопствени „кованици“ од зборови.
  • Чувството кое го имате во текот на „хард кор“ возењето во задниот дел од камион.
  • Чувството кога се будите наутро и сфаќате дека немате што да правите во текот на наредните 5 часа.
  • Моментот кога треба да го изедете првото мало оброче после оправувањето од стомачен вирус.
  • Ситуација кога тотален странец кој чека ред на каса во маркет за да купи 20 производи, ве пушта преку ред бидејќи вие држите само неколку во рака.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Радоста која ја чувствувате кога ќе откриете нов скратен пат за да ја избегнете гужвата во секојдневната релација од дома до училиште/работа.
  • Задоволството кога сте имале одлична изведба на сцената, после нервозната и напната атмосфера на генералната проба.
  • Возбудата која ја чувствувате кога гледате во бурното невреме со грмотевици, преку прозорецот од вашиот безбеден дом.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Оние среќни утра кога се будите и ги чувствувате оние „позитивни вибрации“ и се чувствувате фантастично.
  • Сатисфакцијата кога ќе се „надградите“ себеси со некоја нова способност која сте ја стекнале без ничија помош.
  • Ретките родендени кога ќе успеете да ги дувнете сите свеќички одеднаш на вашата торта, додека замислувате желба.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Слаткото чувство кога конечно ќе си легнете во вашиот удобен кревет, ќе се покриете со ќебе и ќе ја извадите едната нога надвор за да си ја оладите.
  • Чувството кога повторно се сретнувате со пријател од детството и сфаќате дека сè уште имате нешто заедничко.
  • Моментот кога сфаќате дека после 20 години уште ги чувствувате „пеперутките во стомакот“ кога ја сретнувате вашата љубов од младоста и покрај тоа што сега имате 3 големи деца.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Моментот кога ви е интересно што стопениот кашкавал на вашата пица се растегнува повеќе од вообичаено.
  • Чувството кога се погледнувате во огледало и констатирате дека мозолчето кое ви се појавило вчера, речиси и да го нема.
  • Чувството кога имате подолга попладневна дремка одошто сте планирале и се чувствувате како милион долари кога ќе се разбудите.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Забавните ситуации кога свирите на замислена гитара или тропате на замислени тапани додека свири вашата омилена песна.
  • Ситуацијата кога можете да го чуете биењето на срцето на некој друг.
  • Чувството кога гледате во чистата невиност која ја има новороденото бебе.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Моментите кога некој во ваша близина почнува толку силно да се смее, што ве тера да почнете да се смеете и вие и покрај тоа што не знаете што е тоа што е смешно.
  • Чувството на задоволство кога гледате дека на некој му се допаѓа подарокот кој сте му го подариле.

Оние нешта кои не можат да се купат со пари

  • Оние денови кога нема да ги соблечете вашите пижами повеќе од 30 часа.
  • Чувството кога пеете и играте на гласна музика додека сте сами дома и потоа сфаќате дека вашата сестра или брат веќе 5 минути ве гледа и ви се смее.

Што би додале на листава?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. katherina Reply

    чувството коа ќе прегрнеш некој што не си го видел долго време.
    чувството коа ќе положиш испит за кој си бил сигурен дека ќе паднеш.
    чувството кога нашите најсакани личности ни докажуваат колку многу им значиме ние на нив…..

  2. iva Reply

    Чуството кога ке ги соблечеш штиклите после саати поминати во преполна дискотека.

    Чуството кога учиш заедно со колегите и сваќаш колку ти се блиски и сакани, како и моментите на лудост кога спремаш испит деноноќно.

    Чуството уште во првата минута кога ке заврши колоквиумска недела. :))

  3. vangel Reply

    Чувството после напорен тренинг :))

  4. Кире Reply

    Чуството кога сите околу нас се среќни :)

  5. renata Reply

    Чувството коа комшијата буши у стан и ја нарушува вашата планирана попладневна дремка :)

  6. oliva Reply

    чуството коа ќе ги собереш сите потписи на крај од семестарот 😀

  7. edno dete Reply

    чувството кога си ја исплакал мачката/кучето оти избегало и наеднаш се појавува на врата… и со мачка и со куче ми се има десено 😀

  8. Scouser Reply

    Чувството кога ќе постигнеш неверојатен гол, или кога твојот тим ќе даде гол у 90та минута!

    • ynwa Reply

      или ке го победат manchester! :)

      • ... Reply

        yeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee! :) THE BEST!

  9. sanja Reply

    Cuvstvoto na svesnost nad sopstvenoto telo ,opustanje i prekrasnoto cuvstvo za energija za vreme na cas po joga koe nemoze da se opise ,tuku treba a se dozivee :))

  10. алмин Reply

    чувството кога ке видиш добра риба во автобус 😉

  11. КиКо Reply

    Чуството кога ќе се најадеш и кога со полн стомак ќе легнеш и чекаш да ти спадне јадењето !

  12. jas Reply

    i se e dzabe ako vo mislite ti stoi ‘kaj ke najdam pari za smetkata za struja’…….

    • oliva Reply

      ali i toa e custvo…

  13. Стефан Reply

    Оние нешта кои не можат да се купат со пари, можат да се купат со мноооооооогу пари :))

    поздрав до сите

  14. С&Н Reply

    чувството кога седиш во преполн автобус!

  15. niksicn Reply

    чувството кога ќе прднеш на час и никој незнае дека ти си прдна..а мноогу смрди! ::P

  16. jas! Reply

    cuvstvoto koga kje najdes mesto vo avtobus na jsp vo petok vo 12 na pladne…

  17. A.Westwick Reply

    Чувството кога саканиот те чешка во косата
    Чувството кога ќе станиш на сабајле и ќе видиш дека имаш уште еден час за спиење (пред да тргниш за на работа/училиште)

  18. Јохнѕ Дееп Reply

    Чуството кога чуствуваш…

  19. Abre Reply

    Luge bre mnogu custvuvate
    P.S. Ne treba nisto da se dodade :*

  20. Abre Reply

    Samo eden bi kazala:
    Custvoto koga na patot ke najdes 1000 denari 😀

  21. anki Reply

    Cuvstvoto koga nekoj krie nesto od tebe i misli deka neznaes:)

  22. asd Reply

    Ситуација кога малечка бубачка лази по мониторот на вашиот компјутер и вашата прва реакција е да се обидете да ја исплашите со мрдањето на курсорот.

    hahahahahahahahahahhahahahaahhaha

  23. Angelka Reply

    Cuvstvoto koga na utro ke vidis pajak vo WC i ocekuvas narednite denovi da ti se sluci nesto ubavo…:D

  24. Ане Reply

    Чувството кога ќе те разбудат со бакнеж
    Мирист на парфемот на мајка ти кој необјасниво ја исполнува собата откако ќе и мафнеш од прозор за на работа
    Чувството кога некој ке ти ги избрише солзите од лицето
    Чувството на туѓиот здив на твојот врат
    Чувството кога знаеш дека си сакан…

  25. А. Стоименов Reply

    Чувството кога со пријателите си поминувате најубаво и најзабавно без разлика шо другите околу вас ве сметаат за будали.

  26. ....... Reply

    custvoto koga ke slusnes pesna od tvoe vreme

  27. blaabla Reply

    custvoto koa kje vidis kolku custva ima napisaano so kje pomislis dali ima vreme bez custva -_-

Остави коментар