Додека бебето спие...

Додека бебето спие…

Мајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.

Додека бебето спие...

Додека нејзиното бебе е во длабок сон, таа околу него создава еден комплетно нов свет, употребувајќи разни предмети што ќе ги најде во нејзиниот дом. Создава сцена околу бебенцето и набрзина прави неколку уникатни фотографии, кои тоа со сигурност ќе ги обожава кога ќе порасне.

Додека бебето спие...

На Адел и се потребни само неколку минути за една фотографија, што подразбира создавање идеја, нејзино имплементирање и уредување. Таа е брза бидејќи не сака да го вознемирува бебенцето Мила додека спие и воедно сака да и остане поголем дел од денот слободен за да го помине со целото нејзино семејство.

Додека бебето спие...

За нејзините фотографии таа користи евтин фотоапарат Canon IXUS 750, а целава идеја несебично ја споделува со светот преку нејзиниот блог.  За Мила е направена и страница на Фејсбук која има над 55.000 обожаватели.

Додека бебето спие...

Поради големата популарност на ова невообичаено, но интересно хоби, Адел ќе објави и книга со изработените фотографии, која е закажана да излезе во јануари 2012.

Додека бебето спие...

Ако имате бебе, внуче, мало сестриче или братче, сè што ви треба за креирање прекрасни спомени е креативна идеја и малку слободно време за да направите симпатично портфолио, кое ќе сакате да го разгледувате со вашите најблиски во текот на целиот живот.

Додека бебето спие...Додека бебето спие...Додека бебето спие...Додека бебето спие...Додека бебето спие...