Астрологијата и парите

Дали често се грижите за вашата финансиска состојба? Ќе бидете богати или сиромашни? Ќе живеете скромно или луксузно? Еве што кажуваат планетите за тоа како се чувствувате во врска со парите.

Астрологијата и парите

Грижите околу парите и сигурноста се проблем на земјените знаци (бик, девица, јарец) и делумно на Водолијата. Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година.

Астрологијата и парите

На бикот му е многу важна финансиската стабилност и затоа повремено си трга пари во касичка, за да биде сигурен дека секогаш ќе може да си ги дозволи егзистенцијалните потреби. Понекогаш бикот остава впечаток на недарежлива личност, меѓутоа тоа е така кога го преовладува тој прикриен страв дека ќе остане сиромав.

Астрологијата и парите

Девицата има тенденција да се грижи за сè, па парите се само еден сегмент околу кој таа има чувство на сомнеж и неизвесност. Наспроти нивната добра репутација дека се многу уредни и педантни личности, девиците во суштина се многу хаотични кога станува збор за парите. И покрај нивната неснаодливост со пари, во финансиски кризи стануваат многу снаодливи. Можеби никогаш не се премногу оптимистични, но имаат некакви специјални моќи.

Астрологијата и парите

Водолијата врз која многу силно влијание има Сатурн е екстремно приврзана кон она што е нејзино. Неа не ѝ се допаѓа идејата да нема богатство или статус во општеството, па затоа таа попрво би избрала да акумулира што е можно повеќе пари, отколку да живее од денес за утре. Водолијата пак, со доминантно влијание од Уран, го прави токму спротивното – не се грижи за тоа што ќе дојде утре.

Астрологијата и парите

Овенот и стрелецот се прилично слични кога станува збор за пари. Живеат среќно и задоволно сè додека нивните основни потреби се задоволени, бидејќи тие се цврсто уверени дека заштитната мрежа ќе се појави во моментот кога евентуално би „паднале“ на финансиски план. Благодарение на влијанието на Јупитер, стрелецот е непоправлив оптимист, кој едноставно знае дека одвреме-навреме може да си дозволи мала пауза од работата, а притоа да има доволно пари за да ги преживее наредните неколку недели.

Астрологијата и парите

Рибите, кои го делат влијанието на Јупитер со стрелецот, исто така ја имаат таа среќна жичка и коцкарски инстинкт, дека со помош од универзумот, сé ќе стане подобро еден ден.

Астрологијата и парите

Лавот е огнен знак, но има недостаток од таа моќна самодоверба која ја имаат останатите знаци од неговата категорија, овен и стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богат и дека парите се негово право стекнато со раѓање, а така најчесто и излегува.

Астрологијата и парите

Близнаците имаат тенденција да бидат и оптимисти и песимисти, како резултат на нивната двојна природа. Еден ден се во добро расположение, нареден се депресивни. Но, тие имаат интуиција за пари и генерално го претчувствуваат правецот кон кој треба да се упатат за да стигнат до богатство.

Астрологијата и парите

Ракот и скорпијата ја делат несигурноста околу парите со бикот. Како резултат на тоа, тие сакаат да чуваат парични резерви, со цел да се чувствуваат стабилно. Тие во ниту еден момент не би си дозволиле себеси да останат куси со пари, бидејќи им е од голема важност никогаш да не останат сиромашни.

Астрологијата и парите

Вагата го цени она што парите можат да го купат и верува дека небото ќе ѝ помогне да ги има, мислејќи дека го заслужува тоа задоволство. Таа секогаш ќе најде начин да ги плати сметките на време. Едниот начин да ѝ бидат сметките чисти, е ако има доволно пари во банка, а другиот е ако има финансиски стабилен партнер.

Астрологијата и парите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Miss_XxX Reply

    Mnogu malku za ribive

  2. Име Reply

    hhahhaha taka e za vagata ziva vistina :-)))))

Остави коментар