Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Повеќето луѓе сакаат да консумираат алкохол и го прават тоа секогаш кога имаат прилика или кога се во добро друштво. После некоја чашка сите се весели, среќни и безгрижни, а животот изгледа совршен. Но наредното утро, на оние чиј метаболизам им трпи помалку отколку што испиле, не им е баш сè така „розово“. Во нашата Македонија се пие често и се пие многу, особено на слави, родендени и празници, а кога станува збор за младите – на секое излегување во дискотека или кафуле. Бидејќи не можеме да го намалиме количеството на алкохол кој го внесувате, можеме да ве посоветуваме како да се спасите од утринскиот мамурлак.

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Прочитајте ги советите на д-р Оз, за спасувањето од утринскиот мамурлак. Тој моментално го води неговото мега популарно шоу „Шоуто на д-р Оз“, а има гостувано во 5 сезони во „Шоуто на Опра Винфри“.

На забавата…

Наполнете го стомакот пред пиење

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Пред да отидете на забавата каде што планирате да пиете алкохол, убаво најадете се. Лош избор на храна се супите, манџите и секаков вид течна храна. Пригответе си чикен бургер со кашкавал или нешто слично и утринската мачнина е до пола намалена. „За да ја свари храната, вашето тело го затвора вентилот на тенкото црево, каде што најмногу се апсорбира алкохолот, поради што е помалку веројатно брзо да се опијаните“ – вели д-р Оз.

Белиот алкохол е побезбеден

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?Изберете некој од белите алкохолни пијалаци: вотка, џин, бело вино, наместо црвено вино, виски или коњак. Темниот алкохол содржи повеќе хемиски состојки, кои побрзо го загреваат организмот и го интензивираат опивањето.

Кофеин + алкохол = лоша комбинација

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак

Ако мешате алкохол со кока-кола ќе огладнете многу побрзо од вообичаено, што значи и дека побрзо ќе се почувствувате зашеметено. Исто така избегнувајте да мешате алкохол со енергетски пијалаци. Кофеинот кој го има во кока-колата и енергетските пијалаци прави да се чувствувате помалку пијани отколку што навистина сте, така што може да не забележите дека сте ја надминале вашата граница за пиење.

Кога ќе се вратите дома…

Измијте го лицето

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Кога ќе ги миете забите, измијте ги убаво и рацете и лицето. Алкохолот го спречува производството на Т-клетки, кои му се потребни на телото за заштита од бактерии и микроби, а недостатокот од нив ги засилува симптомите на мамурлак.

Напијте се H2O

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Дехидратацијата е неизбежна кога консумирате алкохол, особено жестокиот и таа ги намалува течностите околу крвните зрнца, што од своја страна предизвикува главоболка, вртоглавица и мачнина. За да ги намалите негативните ефекти од  вчерашната „луда“ забава, испијте 1-2 чаши вода пред да си легнете.

Исклучете го алармот

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Ако сте претерале со алкохол минатата вечер, наредното утро најверојатно ќе се чувствувате скршено, а сонот ќе ви биде нестабилен и прекинуван со повеќекратно будење. „Алкохолот ги нарушува мозочните хемикалии кои го регулираат спиењето, така што наместо кога ќе се разбудите да се чувствувате закрепнато од вчерашната забава, ќе имате многу лесен сон.“ – вели д-р Оз. Спијте повеќе часови, па можеби ќе ги избегнете главоболките и мачнината во стомакот.

Наредното утро…

Испржете си јајца

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

„Јајцата се мојот лек за мамурлак“ – вели д-р Оз. „Тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсин кој се содржи во алкохолот и создава мамурлак.“ Добар избор на храна против мамурлак се и чорбите и бананите, кои го обновуваат натриумот и калиумот, кои пак се губат во текот на честото ноќно мокрење.

Сварете си чај од ментол

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

После утринскиот оброк сварете си чај од нане мента и во шолјата ставете една лажица мед или исцедете си една чаша 100% овошен сок. Ментата го смирува стомакот, а медот и фруктозата (овошниот шеќер) помагаат побрзо да се отстрани алкохолот од организмот. Дефинитивно немојте мамурлакот да се обидувате да го отстраните водејќи се по изреката „Клин со клин се избива“, во случајов,  мачнината да ја неутрализирате со нова чашка алкохол. Тоа само ќе ја продолжи и зголеми вашата мака.

„Убијте“ ја главоболката

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

Сигурно ви било убаво додека сте се забавувале и „налевале“ со алкохол, но наредното утро толку многу ве боли главата што мислите дека ќе ви пукне во секој момент. За да ја неутрализирате болката напијте се едно апче ибупрофен. Овој медикамент го инхибира простагландинот кој ја зголемува болката и мачнината предизвикана од мамурлакот. Избегнувајте аспирин бидејќи тој го надразнува стомакот и ацетаминофен, кој се метаболизира преку црниот дроб, кој веќе работи прекувремено поради алкохолот.

Спортувајте

Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

„Не можете да го измиете алкохолот со вежбање“ – вели д-р Оз. „Но некои луѓе сметаат дека спортувањето им помага да се чувствуваат подобро, веројатно поради хемикалиите кои се ослободуваат преку физичката активност, а прават да се чувствуваме убаво.“ Вежбајте јога умерено и ослободете го духот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар