5 причини зошто да јадете пуканки

Многу собиранки, забави, гледање филмови не можат да се замислат без пуканки. Иако многумина чувствуваат грижа на совест кога ги јадат, всушност пуканките се одличен додаток во вашата исхрана.

5 причини зошто да јадете пуканки

Нутриционистите често не ги препорачуваат пуканките поради големото количество сол и путер кои се употребуваат за нивното подготвување. Но, доколку тие се подготвуваат со маслиново масло и со помала количина сол, можат да претставуваат многу важен дел од вашиот здрав начин на исхрана. Ова се неколку дополнителни причини зошто е корисно да консумирате пуканки.

1. Имаат антиоксидантно  дејство

Најважните активни состојки во пуканките се полифенолите, соединенија кои ги штитат крвните садови.

2. Богати со растителни влакна

Житните зрна се богат извор на растителни влакна, а бидејќи пуканките се добиваат од зрна од пченка, при нивното приготвување не се губи од нивната хранлива вредност. Според истражувањата препорачливо е да се внесуваат 20 до 35 грама растителни влакна дневно, а 100 грама пуканки содржат 15 грама растителни влакна.

5 причини зошто да јадете пуканки

3. Не содржат многу калории

Незачинетите пуканки имаат многу ниска калорична вредност. Но бројот на калории во пуканките, зависи од начинот на нивното подготвување, па така вие одлучувате колку калорични тие ќе бидат.  Така, во една порција пуканки приготвени во маслиново масло и без додавање на путер, има околу 90 калории, но доколку не внимавате на овие работи, нивото на калории може да се искачи и до 300.

4. Не содржат шеќер

Токму поради отсуството на шеќер, тие се идеални како грицки. Кексите, чоколадите и останатите слатки, моментално ви го покачуваат нивото на енергија, но набрзо и го спуштаат, поради што би требало да се избегнуваат во ситуации кога сакате накратко да го „залажете“ желудникот.

5 причини зошто да јадете пуканки

5. Го впиваат пивото

Таа способност сунѓерестите топчиња ја имаат поради високиот степен на влакна во нивната структура. Освен што се одлично надополнување на овој пенлив пијалак, пуканките го смалуваат негативното влијание на алкохолот врз системот на варење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар