Џеф Данам и неговиот хумор без граници

Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…Џеф Данам и неговиот хумор без границиНа врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.

Ниту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“

Волтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.

Данам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.

Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:

Меѓу најпопуларните ликови е и Хозе Халапињо. Тој е кукла на стапче, која зборува американски со шпански акцент. Носи малечко сомбреро и мустаќи. Обично настапува во комбинација со Пинат. Тука е и пивопиецот Баба Џеј. Тој може да мрда само со едното око и тоа кон лево…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар