Дали треба да се пие кафе наутро?

Дали треба да се пие кафе наутро?

Со сонливи очи, полубудни, сè уште во пижами го подготвувате вашето утринско кафе. Дали ви е познат овој утрински ритуал? Сигурно! Колку пати само сте слушнале или пак самите сте кажале, дека едноставно денот не ви почнува без шолја кафе. Ако ви е потребна таа доза кафе наутро за да се активирате, тогаш спаѓате во огромна група луѓе кои денот го почнуваат со енергетската бомба – кафето.Дали треба да се пие кафе наутро?Според истражувањата направени на отсекот за психологија на Универзитетот Колумбија, луѓето кои по природа се вредни и мотивирани, ќе функционираат полошо доколку се напијат кафе наутро, додека оние кои се помрзеливи ќе добијат позитивен ефект од него.

„Секој ден милиони луѓе користат кафе да се расонат и да бидат концентрирани, од возачи до студенти. Нашите истражувања покажуваат дека кафето како стимуланс наутро дефинитивно има одличен ефект кај луѓето и нивната продуктивност во утринските часови“ – потенцира Џеј Хоскинг, магистер по психологија од Универзитетот Колумбија.

Според истражувањето на Нестле и брендот Нескафе спроведено од „ГФК Скопје“, македонските кафеџии кафето го консумираат најмногу поради социјализација, но голем е процентот и на утрински кафе-пијачи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.