ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

Ветувањето за нова ТВ серија е секогаш возбудливо. Ние се надеваме дека ќе видиме нешто што не било направено досега и кога продуцентите добро ќе си ја завршат работата, приказната станува вистински хит. Но, дали секогаш успеваат да ја задржат публиката до последната сезона?

(16)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Кога една ТВ серија станува позната, продуцентите обично сакаат да ја одржуваат „во живот“ подолго отколку што треба. А ова претставува проблем, бидејќи не секоја серија може да го задржи квалитетот по одреден период. Многу добри серии ги разочарале фановите токму поради ова, и за жал тие ќе бидат запаметени на тој начин. Погледнете некои од најдобрите ТВ серии кои беа целосно уништени од последната сезона и/или финалната епизода.

1. Како ја запознав мајка ви (How I Met Your Mother)

(1)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Овој ситком кој го обожаваа многумина траеше цели 9 сезони. Серијата почна одлично – збир од познати и непознати ликови кои ја исполнија дупката што ни ја остави Пријатели (Firends). Обратно раскажаната љубовна приказна навистина ги заинтересира фановите. Љубовните авантури низ Њујорк на главниот лик, Тед, беа интересни за гледање неколку сезони. Но, писателите самите си го создале проблемот. Крајот бил планиран уште од почетокот на снимањето, и без разлика колку сезони ќе траеше, тие мораа да се вратат на оригиналниот завршеток. Серијата беше толку популарна, па писателите мораа постојано да бараат начин да го одложат неизбежното. Ова водеше до сезона која опфаќаше период од само неколку денови, и финале кое разочара многумина.

2. Округот Оринџ (The O.C.)

(2)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Иако траеше само 4 сезони, Округот Оринџ веројатно требаше да биде уште пократка. Оваа тинејџерска драма изведе лош потег убивајќи го главниот лик, Мариса Купер, во крајот на третата сезона. Но дали ова било добра или лоша одлука е навистина тешко да се каже. Од една страна, Мариса беше навистина здодевна и нејзината смрт му даде причина на дечко ѝ да биде збунет за нешто. Од друга страна, серијата фати нов правец по нејзината смрт, движејќи се кон некоја алтернативна реалност. Покрај сето тоа, „замената“ за Мариса беше исто така здодевна.

3. Стажисти (Scrubs)

(3)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

За жал, прекрасната комедија Стажисти денес е позната по ужасната последна сезона. Серијата неколку сезони беше прикажувана на телевизијата NBC, а потоа е купена од нивниот ривал, ABC. Тие ја емитуваа навидум последната сезона која имаше совршен крај. Но, потоа одлучија да снимаат и 9-та сезона, овој пат фокусирајќи се на други, претходно споредни улоги. Сезоната беше наречена Стажисти: Медицинско училиште (Scrubs: Med School). Овој спин-оф е можеби најлошо нешто што може да ѝ се случи на една серија, и се разбира, веднаш беше откажан.

4. Сејнфилд (Seinfeld)

(4)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Оваа комедија заврши малку чудно. После 7 интересни сезони, продуцентот Лери Дејвид ја остави серијата во рацете на еден од креаторите, Џери Сејнфилд. Последните две сезони го променија ритамот на раскажувањето, но сепак имаа добри критики. Сепак, последната сезона ни донесе навистина контроверзен скандал. Во епизодата „Puerto Rican Day“ изгорено е американското знаме. Финалето на ТВ серијата исто така промовираше омраза. Критичарите и публиката беа поделени во мислењето за изборот да се пратат главните ликови во затвор, како и нивното судење кое ја врати секоја ѕвезда што гостувала на серијата. На крајот, начинот на кој серијата заврши ги натера гледачите да помислат „Што по ѓаволите изгледав?!“

5. Декстер (Dexter)

(5)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Како серија која траеше долго, Декстер беше огромен успех. Мрачната приказна за серискиот убиец кој убива само криминалци ни даде увид во мрачниот ум на еден човек кој се обидува да го контролира злото во него. Неговата поврзаност со семејството и работата во полицијата го направи Декстер Морган вистински антихерој, но сепак ТВ серијата доживеа цели 8 сезони. Но, после четвртата сезона која заврши со смртта на Декстеровата сопруга, Рита, серијата стана тешка за следење. Постојат малку начини на кои Декстер може да избегне да биде фатен од полицијата. Но, одржувањето на љубовната врска, одгледувањето на неговиот син, задржувањето на неговото работно место и убивањето во слободно време, сигурно не е еден од начините. На крајот Декстер ја лажира сопствената смрт, а според многу ова беше навистина кукавички потег.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар