Филм: Еден ден (One Day)

Колку е потребно за да сфатиме кој навистина ни е важен во животот…

Филм: Еден ден (One Day)Режија: Лоне Шерфиг

Улоги: Ен Хатавеј, Џим Старџис, Патриша Кларксон, Реф Спол, Ромола Гарај

Времетраење: 107 минути

Јазик: англиски

Премиера: 19 август 2011

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (48 гласа, просек: 9.23 од 10)

Loading...Loading...

„Еден ден“ (One Day) е уште еден од серијата филмови снимени според роматнични романи кои одлично поминале кај читателската публика. За разлика од повеќето кои ги гледавме во изминатите години кои се вртат исклучиво околу тоа дали главните ликови ќе живеат заедно засекогаш или не, овој задира и во една друга тема. Во животните приказни на Ема (Ен Хатавеј) и Декстер (Џим Старџис) гледаме двајца млади луѓе покрај кои поминува животот исполнет со погрешни избори, додека тие никако не можат да сфатат кој им е навистина важен во животот.Филм: Еден ден (One Day)Филм: Еден ден (One Day)Ема и Декстер ќе се сретнат на 15 јули 1988 година, на денот на нивното дипломирање. Ќе ја поминат ноќта заедно, но потоа ќе решат да останат само пријатели. Од тој момент, па во следните дваесет години, дејствието во целиот филм се одвива главно на 15 јули, но во различна година.Филм: Еден ден (One Day)Декстер станува успешен ТВ водител. Ема, пак, е истата повлечена девојка и работи во еден мексикански ресторан за да се издржува додека стане писателка. Ема и Декстер цело време се слушаат по телефон, а не пропуштаат да го одржат ритуалот да се видат на 15 јули секоја година. Тогаш разговараат за тоа до каде стигнале со својот живот. Иако меѓу нив се чувствува сексуална хемија и силен емоционален набој, тие никако не се решаваат да се впуштат во врска.Филм: Еден ден (One Day)Филм: Еден ден (One Day)Џим Старџис брилијантно го доловува ликот на Декстер – самоуверен, дури малку арогантен богат шармер кому одвреме–навреме добро му доаѓа приземноста на Ема. Сепак, нејзиниот лик е малку послабо одигран од Ен Хатавеј. Таа не е вообичаена слатка, ранлива, секси девојка од романтичните драми. На моменти остава впечаток на премногу рационална личност, како намерно да сака да ја потисне хемијата меѓу нив. На човек дури му е тешко да навива тие да завршат двајцата заедно на крајот.Филм: Еден ден (One Day)Сепак, мора да се оддаде признание за ефикасното прикажување на темата која ја спомнавме погоре. Во време кога секој секојдневно се прашува дали ги прави вистинските избори во животот, овој филм успева да го прикаже тоа преку една ваква сентиментална приказна во која многумина ќе се пронајдат. Додека ги гледате двајцата, од еден 15 јули до друг, постојано ќе се прашувате колку ли ќе им биде потребно за конечно да сфатат дека се еден за друг, дека животот им понудил убава можност за среќа која тие не можат да ја видат?! Или дали воопшто ќе го сфатат тоа пред да биде предоцна?Филм: Еден ден (One Day)На крајот на краиштата, оваа драма исполнета со романтика и исчекување вреди да се погледне. Ако ве импресионирале Лудо вљубени (Like Crazy), Страници на нашата љубов (The Notebook), Завет (The Vow) и сличните на нив, ќе сакате да го изгледате и овој, иако не е класична бајка како повеќето од нив.Филм: Еден ден (One Day)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар