10 правила кои момците не би требало да ги прекршат
Поседувајќи ги гестовите кои му доликуваат на еден џентлмен, вие сте оние кои добиваат поени. Главниот дел од градењето на вашите карактерни особини, е почитта кон дамите. Тоа е одраз на вашата култура како личност. Со нивното исполнување не се понижувате себеси, туку напротив, докажувате дека вие сте оформена личност со вистински квалитети. Ова се правилата кои момците би требало да ги почитуваат, а колку често се случува нивното прекршување, е веќе друга тема на разговор.

1. Дамите на КОЈА БИЛО возраст, МОРА да ги третирате со почит.
2. НИКОГАШ не дозволувајте вашата девојка, пријателка или колешка да си оди сама дома, особено навечер.
3. Дамата на првиот состанок НЕ ПЛАЌА ни дел од сметката, макар и состанокот да не бил она што сте го очекувале.
4. Не погледнувајте во друга девојка додека ја држите вашата девојка за рака. Невкусно е и понижувачки. ВАШИОТ поглед е сконцентриран на ВАШАТА дама, дури и да има парада на голи девојки околу вас.
5. НЕ СМЕЕТЕ да си дозволите удобно да бидете сместени на столче, додека до вас има девојка која стои.
6. Кога врне дожд, со дамата до вас сте под еден чадор, кој го држите ВИЕ.
7. Кога вашата мајка се враќа од пазарење, ДОЛЖНИ СТЕ да ја ослободите од товарот.
8. СЕКОГАШ ви е дозволено да се однесувате како јунак кога некоја дама е во неволја.
9. Вашата мајка, сестра или пријателка, не смее да биде навредена од кој било, вие МОРА соодветно да реагирате на упатената навреда.
10. Имате ДОЛЖНОСТ да ја ослободите вашата пријателка од типот кој ѝ додева цела вечер.
